Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња во Забел
25.12.2017 08:39
| KumanovoNews
Во месноста Забел во селото Никуљане, и оваа година, членовите на Здружението коледари ги набраа бадниковите гранчиња, за големиот православен празник Бадник.

Традиционалната прослава ќе се одржи на 6 јануари, ден пред Божиќ, по сите православни обичаи, со посета на црква, избор на кум и со свеченост, пред Центарот на култура, каде ќе се делат осветени гранчиња, овошје и топла ракија на верниците.
Здружението коледари манифестацијата ја организира по 18. пат и ги повикува граѓаните масовно да го одбележат Христовото раѓање.