Концерт на „Трио Аурора“
11.06.2018 08:12
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 20 часот, концерт ќе одржи „Трио Аурора“.

Триото го сочинуваат Ева Богоевска, виолина, Љубица Делевска, виолина и Олег Цингарски, виолончело.
На програмата се: В.А. Моцарт: “Мала ноќна музика“, Алегро, Романса (Анданте), Менует (Алегрето), Рондо (Алегро), Л. Бокерини: “Менует“, Ј. Пахелбел: “Канон“, “О соле мио“ – наполитанска песна, А. Пјацола:“Танго“, А. Пјацола: “Либертанго“, Ј. Брамс: “Унгарски танц“ бр.5 и Д. Шуплевски: “Капричо“ бр.1.