Kонцерт за Денот на Европа
08.05.2012 07:56
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе се оддржи концерт по повод 9 мај, денот на Европа.

На концертот ќе настапат Милена Гиевска (виолина), Анастасија Грковска (пијано), Томислав Нешковски (пијано), и Трио “Виво“. На репертоарот се дела од Бах, Шопен, Франц Лист, Фламенко, Девиен, Тал и други. Почетокот е закажан во 20 часот во малата сала.