×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Конститутивна седница на Советот на Oпштина Куманово

    07.11.2017 11:42 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово во четврток ќе ја одржи првата – конститутивна седница во нов состав по локалните избори.

    Конститутивна седница на Советот на Oпштина Куманово

    Советот прво треба да ги избере претседателот и членовите на Комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово, а потоа да се верификуваат мандатите на советниците и давање на свечена изјава. Потоа ќе следува избор на претседател на Советот.

    Дневен ред:

    1. Избор на претседател и членови на Верификационата комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово;

    2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово;

    Извештај на Верификационата комисија;

    Предлог – Одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово;

    Давање и потпишување на свечена изјава на членовите на Советот на Општина Куманово;

    3. Избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;

    4. Избор на претседател на Советот на Општина Куманово;

    5. Предлог-Решение за определување на членови на Советот на Општината Куманово, кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово.

    Советот го сочинуваат 33 советници, 16 од коалицијата на СДСМ, 11 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ 3, од Беса 2 и еден од Алијансата на Албанците.

          Седницата ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 12 часот.