Косовска претстава на „Денови на комедија Куманово 2015“
09.10.2015 07:47
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, Евробалкан Институт од Приштина, Косово ќе ја изведе претставата “Чехов му кажува збогум на Толстој“.

Текстот е на Миро Гавран, а режијата е на Севдије Ајети. Во комедијата настапуваат актерите Бислим Мучај, Зета Бахтири, Дукаѓин Подримај и Семира Љатифи. До завршувањето на театарскиот фестивал „Денови на комедија Куманово 2015“, публиката ќе може да погледне уште седум комедии.