×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за командир на шумска полиција

    15.09.2017 11:55 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување.

    Кривична пријава за командир на шумска полиција

    Пријавениот командир на Шумската полициска станица-Куманово, барањето за поведување на прекршочна постапка по член 104 и 106 од Законот за шуми, за прекршок констатиран на 16.05.2015, не го поднел до надлежниот суд, односно го одложил во архивата на Шумската полициска станица-Куманово, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за сума од 4.000 евра.