Кривична пријава за напад на полицаец
14.09.2017 17:29
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.П.(30) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Пријавениот на 02.09.2017 година околу 17.10 часот на ул. „Иво Лола Рибар”, првo со навредливи зборови се обратил кон полициски службеници, а подоцна нападнал еден од полициските службеници, по што побегнал.
Набргу потоа Д.П. бил лишен од слобода и приведен во СВР Куманово.