Кривична пријава за напаѓачот на полицаецот на Табановце
Ф.Ф. (42) од Куманово, синоќа нападнал полицаец, кој бил на службена должност на протестот на ВМРО-ДПМНЕ на граничниот премин Табановце.

Нападот се случил во 17.20 часот, кога Ф.Ф. се приближил до кордонот полиција и со рака го удрил полицискиот службеник во пределот на лицето, односно по левото око.
Напаѓачот бил приведен во СВР-Куманово, додека полицискиот службеник бил пренесен во Јавната здравствена установа-Куманово каде бил задржан на лекување.
Во текот на денешниот ден против Ф.Ф. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.