Кривична пријава за насилство над кумановец
20.07.2018 11:03
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Љ.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

На 09.07.2018 година околу 16,10 часот во Куманово на улицата “Тоде Мендол”, пријавениот со употреба на тврд предмет физички го нападнал М.М. од Куманово, при што пристигнале уште две непознати лица кои се приклучиле во физичкиот напад.