Кривична пријава за семејно насилство, ги претепал сопругата и ќерката
22.08.2018 12:11
| KumanovoNews
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против З.Б.(55) од село Орашац, кумановско, за сторено кривично дело телесна повреда при семејно насилство.

На 12 август околу 17.40 часот во неговиот дом пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, а при обид да биде спречен, истиот физички ја нападнал малолетната ќерка, нанесувајќи и телесна повреда.