Кривична пријава за вршење превоз без лиценца
26.09.2018 15:00
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.И.(31) од село Сингелиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 27.05.2018 година на региноланиот пат од село Матејче, општина Липково, до село Арачиново, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „Мерцедес“, сопственост на Н.И. од Скопје, а управувано од пријавениот, било утврдено дека истиот вршел јавен превоз на дрвни сортименти, без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.