Кривична пријава затоа што се заканувал со нож
16.05.2018 14:18
| KumanovoNews
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

На 30.04.2018 година околу 17.40 часот во дворот на средното економско училиште во Куманово, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал А.В., при што извадил нож и му се заканувал.