Кривична за кријумчарење мигранти кај „Искрин мост“
22.07.2018 15:54
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ј.П.(36) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

На 16. овој месец во 23,40 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај Искрин мост, од страна на полициски службеници било пронајдено патничко возило „фиат скудо“, сопственост на лице од Струмица во кое имало 18 мигранти од Авганистан и Пакистан.