Кривична за кумановецот што си го претепал братот
12.04.2018 13:53
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против К.М. (32) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
На 02. март годинава на Споменик костурницата во Куманово пријавениот физички го нападнал неговиот брат С.С., при што му нанел тешки телесни повреди во пределот на главата.
С.С. бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош бил пренесен на клиника за Неврохирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје за понатамошно лекување.