Кривична за малолетници што со нож проболе врсник
24.01.2018 15:26
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против две 17 годишни лица од Куманово, заради сторено кривично дело насилство.

Пријавените, со уште три непознати сторители, на 25.11.2017 година околу 07,40 часот во Куманово, на улицата „Трета МУБ“, пред домот физички нападнале 16 годишно момче, по што еден од пријавените, со нож, му нанел убодна рана во пределот на десниот колк.