Кривична за разбојникот што сееше страв во кумановско
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против О.М.(39) од Куманово за постоење основано сомнение дека сторил кривично дело разбојништво.

Пријавениот на 01.10. годинава околу 12,30 часот во викендица во село Шупли Камен, Куманово, со закана со пиштол, кон С.Т. и неговата сопруга В.П., одзел два паричника, два мобилни телефони и возило марка „Опел Астра“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 541 .000 денари.
Полицијата на почетокот на месецот го уапси О.М., кој пред едена година побегна од затворот Идризово.
Тој има правосилна прeсуда за издржување на затворска казна од 20 години за
сторено убиство и трговија на дрога.
Додека беше на слобода извршил 10 кривични дела: разбојништва, тешки кражби
и одземање на моторно возило.