×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за две лица, за измама при продажба на автомобил

    30.11.2017 08:37 | KumanovoNews

    Кривични пријави заработија две лица, откако измамиле тетовец при продажба на автомобил.

    Кривични пријави за две лица, за измама при продажба на автомобил

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.Е.(54) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама и фалсификување исправа, против С.Т.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама и поднесување лажен доказ и против Б.Р.(49) од с.Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело соизвршителство во врска со измама.

    М.Е. во декември 2014 година во Швајцарија купил товарно возило „Пежо Боксер“, по што направил лажен купопродажен договор дека на 20.03.2014 година со С.Т., којшто веќе поседувал потврда од СВР Куманово дека е одјавен во 2004 година и престојува во Република Бугарија, дека е купувач на возилото, со што го исполнувал условот од Законот за возила, да го довезе возилото во Република Македонија. С.Т., и покрај тоа што знаел дека договорот е лажен, го приложил како доказ во управна постапка во Царинарница Куманово – Царинска Управа на Р.Македонија, Бирото за метрологија при Министерството за Економија и Техничка служба АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје, со што се стекнал со согласност за регистрација на половно моторно возило увезено од странство. Потоа, М.Е. и С.Т. го продале возилото на Х.Т. (39) од с. Гајре за износ од 8.000 евра. Б.Р., и покрај тоа што знаел за незаконските дејствија, го довезол возилото од Швајцарија, посредувал при продажбата и ги поднесувал документите за превод и заверка кај нотар.