×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за издавање и користење на лажна диплома

    21.11.2017 11:55 | KumanovoNews

    Кривични пријави против три лица поднесе полицијата поради издавање и користење на  лажна диплома од средно училиште.

    Кривични пријави за издавање и користење на лажна диплома

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Д.(35) и Ш.З.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и против О.С.(50) од Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.  

    Првопријавениот, како одговорен наставник за вонредни ученици во средното училиште “Цветан Димов“ - Скопје и второпријавениот, како директор во училиштето и покрај тоа што знаеле дека третопријавениот не бил запишан како вонреден ученик во 2012 и 2013 година, туку бил запишан на точно неутврден датум во 2014 година.

    Третопријавениот не ги полагал сите испити по предметите, своерачно, наставникот и директорот со потписи и печат му изготвиле и издале четири лажни свидетелства и диплома за положен завршен испит, како и лажна потврда, коишто третопријавениот ги употребил како доказ во правниот сообраќај во повеќе наврати, како и при засновање на работен однос на неопределено време на работно место Командир на територијална противпожарна единица во Општина Старо Нагоричане, за што од 01.01.2015 година до октомври 2017 година, му се исплатени 34 месечни бруто плати во точно неутврден износ, за којшто износ го оштетил Буџетот на Р.Македонија.