Кривични пријави за кумановци за демолирање ресторан
23.02.2018 18:57
| KumanovoNews
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Е.З. (25), Ф.А.(32) и М.С.(20), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

На 01. јануари годинава во ресторан во село Слупчане, првопријавениот физички го нападнал Г.А. при што со стаклена чаша му нанел телесна повреда во пределот на главата, додека второ и третопријавените го кршеле инвентарот во објектот.