Мени

Кривични пријави за насилство против тројца кумановци

27.09.2017 13:13 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(25), Н.С.(23) и И.Д.(20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Кривични пријави за насилство против тројца кумановци

На 12.септември годинава околу 01.35 часот на улица „Перо Чичо“ во Куманово, пријавените, заедно со уште две непознати маскирани лица, го нападнале Б.С.(23) од Куманово.

Со метални шипки  го удирале во пределот на рацете, главата и телото, со што  му нанеле тешки телесни повреди.