×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за насилство во Куманово

    30.11.2015 15:39 | KumanovoNews

    Во два одделни случаи се поднесени кривични пријави против насилници од Куманово.

    Кривични пријави за насилство во Куманово

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Ј.(40) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело насилство.  Пријавениот, во август 2015 година, во Куманово на автобуската постојка во близина на Општа болница Куманово без повод и причина почнал да го навредува Н.С.(40) од с.Долно Којнаре, а потоа и физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди.

    Против В.М.(29) од Куманово, полицијата поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело насилство. Тој во ноември годинава , во 2.20 часот, во кафе барот на бензинската пумпа „Детоил“ во село Доброшане, започнал вербална расправија со гостин во кафе барот, кој сакал физички да го нападне, а бил спречен од страна на вработените. По ова, В.М. се вратил во објектот и со дрвен предмет ги нападнал вработените на бензинската пумпа Д.С.(33), Ч.С.(43) и гостите Д.С.(35), В.С.(22), М.М.(29) и Д.П.(24), нанесувајќи им телесни повреди, а го оштетил и инвентарот во објектот, како  и автомобил „голф“ сопственост на Д.С.