Кривопаланчанин нападнат на Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје
23.11.2022 17:00
| Жаклина Цветковска
Четириесет и три годишен кривопаланчанин вчера пријавил во Полициската станица Центар,Скопје дека бил нападнат на Клиниките „Мајка Тереза“.

Според МВР; С.А.(43) од Крива Паланка пријавил дека во 15.00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од И.Ш.(31) од с.Сарај, скопско и Б.Љ.(26) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.