×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кризниот штаб бара држава да го субвенционира градскиот превоз по 30 денари од изминат километар

    21.05.2020 13:39 | KumanovoNews

     Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, побара од државата да го субвенционира јавниот градски превоз со 30 денари по километар или да обезбеди гориво од стоковите резерви за превозниците, за да се надминат проблемите со кои се соочуваат поради кризата со коронавирусот.

     

    Кризниот штаб бара држава да го субвенционира градскиот превоз по 30 денари од изминат километар

    „Бараме од Влада да излезе во пресрет на барањата на јавните превозници во Општина Куманово и да донесе одлука за субвенционирање на јавниот превоз во градот со 30 денари по изминат километар и да обезбеди средства од буџетот на РСМ. Предлагаме доколку нема финансиски можности за субвенционирање, скромниот општински буџет не дозволува да тоа го сториме од сопствени средства, да се обезбеди соодветна количина на нафтени деривати од стоковите резерви, кои би се користеле за потребите на вршителите на јавниот превоз во Општина Куманово во период на ковид кризата и би ги покриле дел од матријалните трошоци на компаниите како не би работеле со губитоци и да можат непречено да го испочитуваат договорот со општината и вршење на јавниот превоз, - соопштуваат од Кризниот штаб на Општина Куманово.

    Од штабот додаваат дека Општина Куманово прави обид за воспоставување на редовен јавен градски превоз во Општината, но превозниците се соочуваат со сериозни технички проблеми, кои како и останатите правни субјекти од градското стопанство се погодени од ковид кризата.

    Истовремено се бара од СВР Куманово да превземе поригорозни мерки и зачестени контроли кон дивите превозници на територија на Општина Куманово.