Мени

Кривична пријава за таткото што со бензин сакал да ја запали ќерката и куќата

27.11.2026 14:07 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.С. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. 

 

Кривична пријава за таткото што со бензин сакал да ја запали ќерката и куќата

„Тој на 19 ноември во семејната куќа, ја навредувал неговата ќерка и ѝ упатил закани, по што собата ја полила со запалива течност се заканил дека ќе ја запали неа и куќата“, соопшти МВР.

 Предходно ОЈО Куманово поведе постапка против 54-годишен маж осомничен за загрозување на сигурноста, откако се заканувал дека ќе ги запали својата ќерка и внука, а во семејниот дом истурил и две шишиња бензин.

„Однесувањето на осомничениот 54-годишник се повторува. Против него веќе е поднесено едно обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство под дејство на алкохол, кое е во фаза на судење. Дејствијата на загрозување на сигурноста што сега ги презел вклучуваат не само вербални закани, туку и конкретни дејствија со кои тој истурил две шишиња бензин во домот“, велат од ОЈО.

Како што информираат, по пријавата на настанот била итно изготвена проценка на ризик која укажувала на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство и на ризик од повторување на насилството.