Мени

Ограбена златарница во центарот на Куманово

27.11.2026 18:58 | KumanovoNews

Непознати разбојници денеска напладне ограбиле златарница во центарот на Куманово. 

 

Ограбена златарница во центарот на Куманово

„Во 12:32 часот во СВР Куманово било пријавено дека во златарница на улица „11 Октомври“ во Куманово, неколку лица влегле и одзеле злато. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

На видеото што се споделува на социјалните мрежи се гледа дека во златарницата влегуваат 4 маскирани лица, кои  го вадат накитот од полиците и го ставаат во ранците, по што бегаат. 

(фото. архива)