×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Крсте Мисирков“ го одбележува патрониот празник

    17.11.2015 13:56 | KumanovoNews

    Основното училиште „Крсте Мисирков“ одбележува 67 години постоење и плодна работа.

    „Крсте Мисирков“ го одбележува патрониот празник

    За разлика од претходните години, оваа година училиштето патронатот ќе го одбележи со бројни активности кои се реализираат деновиве. Во чест на патрониот празник се одржаа спортски натпревари, презентација за ослободувањето на Куманово, квиз по техничко образование, натпревар по граѓанско образование, квиз натпревар по математика, занимлива географија, хемија, физика и биологија. Денеска во училиштето најмалите ученици беа дел од приредбата “Мило училиште во срце те носам“,  а на 20 ноември цвеќе ќе биде положено пред бистата на патронот, кој е роден на 18 ноември 1874 година во Софија.

    Втората активност денеска ќе биде во Соколана, да го поздравиме доаѓањето на есента, и петтодделенците ќе имаат квиз. Продолжуваме со литературно читање, странски јазици англиски и француски ќе имаме натпревари, за на крај да имаме поетско-музичко дружење каде што ќе се завршат сите активности предвидени за месец ноември. Училиштето учебната година ја заврши доста успешно со еден висок просек 4.25. Учениците учествуваа на голем број натпревари, регионални, општински, републички. На сите тие натпревари нашето училиште зема учество и скоро во сите нашите ученици се меѓу прводисциплинираните. Во одредени дисциплини завршивме на републичко и балканско првенство - изјави Александар Саздевски, директор на „Крсте Мисирков“.

    Саздевски рече дека имало повеќе обуки за наставниот кадар, се спроведува проектот за меѓуетничка интеграција во  образование, функционира билингвалната паралелка на француски и ред други проекти.

    Во ова училиште се образуваат 1112 ученици.