Крв ќе даруваат учениците Албанци од „Наце Буѓони“
14.10.2015 09:05
| KumanovoNews
Во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ утре ќе се одржи крводарителска акција.

Учениците од албанските паралелки ќе даруваат крв од 11 до 15 часот, информираат од општинската организација на Црвен Крст Куманово. Се очекува да бидат собрани 20 крвни единици. Во училиштата вообичаено на пролет и на есен се одржуваат традиционални крводарителски акции.