Крводарителска акција во ФЗЦ
20.08.2015 08:44
| KumanovoNews
Вработените во фабриката ФЗЦ утре ќе даруваат крв, информираат од Црвен Крст Куманово.

Крводарителската акција ќе трае од 9 до 14 часот и се очекува да бидат собрани 40 крвни единици. Се работи за традиционална крводарителска акција која се организира долги години.