Куче без заштитна корпа каснало дете на „Лесковачка“
03.06.2020 10:08
| KumanovoNews
Во Полициската станица Куманово, синоќа било пријавено дека во 18.50 часот на патека на ул.„Лесковачка“ во Куманово малолетник, кој бил заедно со неговата мајка М.М., бил каснат од куче кое било без заштитна корпа, сопственост на непознато лице.

Малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.