Куклен театар за децата во „Кочо Рацин“
10.11.2015 11:14
| KumanovoNews
Учениците од подрачните и централното училиште „Кочо Рацин“ денеска и утре ќе погледнат куклена претстава со актери од Скопје.

Претставата носи наслов „Куклите свират и играат-марионети“, и ова е прв пат актерите да гостуваат во училиштето.
Ова е во рамки на програмата за работа по македонски јазик. Децата да се запознаат со куклениот театар. да развијат тетарска култура. Целта ни е да ги развеселиме најмалите, да ги анимираме - рече Лидија Пешевска, директорка на „Кочо Рацин“.
Во меѓувреме училиштето се подготвува за одбележување на патронатот кон крајот на месецот.