×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Културни и спортски настани за Денот на градот

    09.11.2017 10:01 | KumanovoNews

    Продолжуваат културните и спортски манифестации, по повод Денот на ослободување на Куманово - 11 Ноември.

    Културни и спортски настани за Денот на градот

      „Вечерва од 17 и 19 часот во спортската сала ќе се одржат полуфиналниот и финален натпревар во Турнир во мал фудбал кој се игра за пехарот на градоначалникот, а од 20 часот во Центарот за култура е ликовната изложба „Карпино 2017„. Утре од 17.30 часот се одржува атлетска ноќна трка, а во 20 часот е ликовната изложба на Кумановските ликовни уметници. Од 20.30 часот започнува концертот на градскиот плоштад со групата Нокаут, Бени Шакири, Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски и Дарко Ангеловски. Прославата завршува го голем огномет“, - изјави Бисера Арсовска, портпарол во општина Куманово.

    На Денот на градот- 11 Ноември ќе се одржи Свечена седница, а предходно ќе се положи цвеќе на паднатите борци на Спомен костурницата. Истиот ден ќе организира турнир во спортски риболов и пинг-понг.