×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци измамени за плата и виза во Германија

    09.07.2020 17:38 | KumanovoNews

     Двајца кумановци пријавиле во полиција дека биле измамени од жена, која ги одвела на работа во Германија, но потоа не им ги исплатиле сите плати и не им обезбедиле визи за престој.

    Кумановци измамени за плата и виза во Германија

    Според МВР, С.К.(56) и В.Л.(53), двајцата од Куманово, пријавиле дека по претходен договор со А.С. во мај 2019, заедно со уште шест лица од Куманово заминале во Манхејн, Германија, каде започнале со работа во градежна фирма. Но, по три месеци од престојот, ним им биле исплатени само две плати и не им биле обезбедени документи и престој од А.С., согласно претходниот договор, по што си заминале од Германија.

    Според пријавеното, тие имале неколку обиди да стапат во контакт со А.С., но таа не се јавувала, по што констатирале дека се оштетени и измамени за сума од 2.600 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.