Кумановци учествувале во тепачка во дискотека во Скопје
09.08.2018 11:06
| KumanovoNews
Три момчиња од Куманово и едно од Скопје, физички се пресметале во дискотека во Скопје, при што се здобиле со повреди по лицето.

Според МВР, инцидентот се случил ноќеска во 3.40 часот во дискотека во Градски парк, кога бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Д.П.(22) од Скопје од една страна и Т.Д. (21), Р.А. (26) и С.Т. (26), сите од Куманово, од друга страна.
Сите учесници во тепачката се здобиле со повреди по лицето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.