Мени

Кумановец без повод нападнал сограѓанин

10.10.2015 11:24 | KumanovoNews

М.М.(24) од Куманово, вчера на улицата “Иво Лола Рибар“ околу 18.45 часот, без повод и причина физички го нападнал Д.Б.(24) исто така од Куманово.

Кумановец без повод нападнал сограѓанин

Го удрил  со тупаници во пределот на лицето, по што Д.Б.  паднал во бесознание. Со возило на Брзата помош Д.Б. е пренесен и задржан на лекување на хирушко одделение во Општа болница Куманово.

М.М. е приведен во полиција и против него по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.