×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец ја злоупотребил службата-фалсификувал царински документи

    19.10.2017 11:02 | KumanovoNews

    Kривична пријава заработи М.Г.(34) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

    Кумановец ја злоупотребил службата-фалсификувал царински документи

    Пријавениот на 28.02.2017 година како застапник при царинење во фирма од Куманово, на барање на Д.В. од Куманово да му изготви документација и да го застапува пред надлежните царински органи при царинење на увезено возило, му ја наплатил целокупната сума на пари кои требало да ги уплати како царински давачки во износ од 45.335 денари.

    Потоа пријавениот изготвил фалсификувана царинска декларација која не ја завел во електронска база на податоци и ставил измислен референтен број, по што ја заверил со службен печат од фирмата и ја потпишал со фалсификуван потпис од неговиот колега и работодавец М.Ј., а за да го убеди Д.В. дека е вистинска на царинската декларација впишал царински броеви што ги препишал од претходно уредно изготвена царинска декларација, со што се стекнал со противправна имотна корист од 45.335 денари.