Кумановец криел 830 грама марихуана
13.08.2018 12:05
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 23. јули година во салон за мебел на ул. „Карл Маркс“ во Куманово, сопственост на зетот на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес во магацинскиот простор при што пронашле и одзеле 831,2 грама марихуана и дигитална вага, кои пријавениот неовластено ги набавил од непознато лице и ги чувал во салонот.
(фото-архива)