Кумановец претепан во центарот на градот
14.11.2015 12:07
| KumanovoNews
З.Б.(55) од Куманово вчера околу 17.50 часот бил претепан во центарот на градот.

Додека се движел со Г.М на плоштадот кај бутик “Шкорпион“, одзади непознато лице силно го турнало по што паднал на земја. Дотрчале уште три непознати лица кои го удирале по главата и по телото, од што З.Б. се здобил со видливи повреди и тоа скршеница на носната коска, оток на десниот дел од лицето, потрес на мозокот, рани на главата. Лекарска помош му е укажана во Општа болница Куманово каде е задржан на лекување.
Полицијата трага по напаѓачите.