×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец произведувал и продавал наркотици

    05.02.2018 19:19 | KumanovoNews

     Кумановската полиција до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.С.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

    Кумановец произведувал и продавал наркотици

    На 31.01.2018 година,  по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во домот на пријавениот.

    Притоа, биле пронајдени една тегла со семки од марихуана со маса од 33,57 грама, една тегла и две тенџериња со раствор од наркотична дрога – хашиш, смола со вкупен волумен од пет литри и 50 мл., едно најлонско пакување со наркотична дрога марихуана со маса од 1.40 грама, цврста  материја со темно кафеава боја – хашиш со маса од 13,40 грама, едно капаче од шише и еден шприц  со смолеста материја со темно кафеава боја со волумен од 11,5 мл. и едно капаче од тегла со остатоци од марихуана.

    Од страна на судија за претходна постапка, на М.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.