Кумановец пронајден со прострелна рана во главата во Ресен
05.11.2017 21:40
| KumanovoNews
На патниот правец Ресен-Битола, на паркинг во близина на техничкиот преглед на излез од градот, вчера во 7 часот, во сопственото возило „Поло“ починат бил пронајден М.П.(34) со прострелна рана во пределот на главата.

„Во внатрешноста на возилото пронајден бил пиштол марка „ХС“ калибар 9мм и најверојатно станува збор за самоубиство“, - соопштуваат од МВР.
Смртта е констатирана од итна медицинска помош и увид е извршен од екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
М.П. е од Куманово, а пред две години се преселил со семејството во Ресен.