Кумановец заработи кривична за нанесување тешка телесна повреда
15.08.2018 14:57
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Д.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

Минатиот вторник околу 23.30 часот, во населба Ајдучка Чешма во Куманово, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал С.С.(38) од Куманово и му нанел тешки телесни повреди.