Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец заразен од коронавирус направил проблеми во болница, поради што морала да интервенирала полицијата со заштитни одела, соопштуваат од МВР.
- Вчера во СВР Скопје од обезбедувањето на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во ковид-центарот едно лице го нарушува јавниот ред и мир со агресивно однесување кон медицинскиот персонал, - соопштуваат од МВР.
По интервенција на полициски службеници, опремени во заштитна облека, лицето се смирило и констатирано е дека станува збор за С.В.(60) од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба.
Направен е записник за констатиран прекршок, а С.В. ќе остане на понатамошно лекување во болницата.