×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановецот што го исчкрта споменикот на Тито со транспарент упадна на седница на Совет

    30.05.2018 15:01 | KumanovoNews

    Кумановецот М.З. што нацрта кукаст крст и го исчкрта споменикот на Јосип Броз Тито, денеска со транспарент упадна на седница на Советот на Општина Куманово.

    Кумановецот што го исчкрта споменикот на Тито со транспарент упадна на седница на Совет

    Притоа ја остави книгата „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски и побара да ја прочита градоначалникот Максим Димитриевски, кој не беше присутен на седницата, а го повика и на телевизиски дуел, по што со негодување си замина од салата. М.З. зборуваше дека Куманово е заробено 80 години од комунистите и титовистите, и време е да се ослободи.

    Претседателката на Советот Атина Мургашанска побара од службите човекот да биде изведен од салата и да не го нарушува јавниот ред и мир, но не ја прекина седницата.

    „Остануваме транспраентни и отворени граѓаните да присуствуваат на седниците, но мора да се пријават и да го почитуваат деловникот, и да не го нарушуваат редот и мирот. Во наредниот период ќе размислиме да ги зајакнеме контролите за влез и излез во салата“, - изјави Мургашанска.

    Инцидентот се случи во директен телевизиски пренос, па некој го пријавил случајот во полиција. Пред салата на Советот пристигна полициско комбе, но М.З. си заминал. Претседателката на Советот беше повикана во станица да даде изјава за целиот настан.

    На М.З.(60)  денеска му беше поднесена пријава по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, затоа што вечерта на 25 мај го исшкрта со графити споменикот на Јосип Броз Тито во центарот на Куманово. По три дена вчера сам се предаде на полицијата. Изјавил дека споменикот го вандализирал затоа што чувствувал душевна болка во изминатите години од владеењето на комунистите.

    Тој побара споменикот да се тргне од градскиот плоштад бидејќи е негативен историски лик за Куманово и Македонија.