×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановецот што нацрта кукаст крст на споменикот на Тито сам се пријави во полицијата

    30.05.2018 09:18 | KumanovoNews

    M.З. (60) од Куманово сам се пријавил во кумановската полиција и признал дека тој ги испишал графитите на спомен плочата на Јосип Броз Тито поставена на градскиот плоштад во Куманово.

    Кумановецот што нацрта кукаст крст на споменикот на Тито сам се пријави во полицијата

    Во соопштението на СВР Куманово се наведува дека лицето се пријавило самоиницијативно, вчера, во 12 часот во полициската станица во Куманово.

    По целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

    М.З. изјавил дека споменикот го ишкртал и ги испишал погрдните графити затоа што чувствувал душевна болка во изминатите години од владеењето на комунистите. Тој спомен плочата прво ја ишарал со спреј, а потоа ја премачкал со црна боја. 

    Тој побара споменикот да се тргне од градскиот плоштад бидејќи е негативен историски лик за Куманово и Македонија.