Кумановка припадничка на ИД убиена во Сирија
14.02.2018 08:55
| KumanovoNews
Во Сирија е убиена кумановка, припадничка на групата Исламска држава. Веста ја потврдиле блиски роднини.

– Кумановката пред четири години заминала од дома, а подоцна се дознало дека таа се наоѓа во Сирија, во редовите на војската на ИД, пишува порталот Реалитети.
Досега, на боиштата во Сирија и Ирак убени се најмалку 15 лица од Македонија.
Инаку, во изминатите два дена косовските медуми јавија дека во Сирија се убиени и двајца Косовци, припадници на ИД, со што бројот на косовските државјани што ги загубија животите на боиштата на Блискиот Исток се искачи на 76./МИА