×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе биде отворен град на културата, најави Ѓорѓиевски

    03.10.2017 13:01 | KumanovoNews

    Повеќе културни манифестации и активности, како и простор за промоција на сите видови уметности, најави кандидатот за градоначалник на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, ако ја добие довербата на граѓаните.

    Куманово ќе биде отворен град на културата, најави Ѓорѓиевски

    „Од новите манифестации зад кои ќе застанеме ќе биде мултинационален детски фестивал, меѓународен фолклорен фестивал и отворена летна сцена на Градскиот плоштад. Сите уметници, солисти, џез и рок музичари ќе добијат простор каде ќе можат да настапат и да прават промоција на својата музика. Истовремено тој простор ќе го користат и ликовните уметници, поети и писатели. Ќе дадеме шанса на сите луѓе да се промовираат во градот од каде што потекнуваат“, - изјави Ѓорѓиевски.

      Покрај новите културни содржини, Ѓорѓиевски најави дека ќе дадат целосна подршка и на досегашните настани зад кои стои општината Куманово, како спонзор, финасиер и логистика. Тоа се Деновите на комедијата, фестивалот Рома-труба фест и Тамбурашкиот фестивал.

    Истовремено општината ќе даде подршка за формирање ликовни, драмски, музички и играорни секции на училишно и локално ниво.

    ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва во 20.30 часот одржува митинг во Куманово, а Ѓеоргиевски ги повика граѓаните да им дадат масовна подршка и да ја слушнат програмата, која ќе ја реализираат доколку дојдат на власт.