×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие дневен престој за учениците со попреченост

    27.09.2018 11:49 | KumanovoNews

     Опшина Куманово и Свероисточниот регион ќе го добие првиот дневен престој за ученици со посебни потреби од основните училишта.

    Куманово ќе добие дневен престој за учениците со попреченост

    Центарот ќе биде сместен во Основното училиште „Браќа Миладиновци“, каде настава посетуваат педесетина ученици со посебни потреби. Проектот е вреден 55 илјади евра, а сретствата ги обезбеди Министерството за труд и социјална политика.

    - Дневниот престој нема да биде користен само за нашите ученици, туку за сите ученици од Општината и од регионот. Сите родители кои имаат потреба за целодневно згрижување на нивните деца ќе можат да ги остават тука, по завршување на наставата.  За почеток групата ќе ја сочинуваат дваесетина деца,  а потоа ќе се згрижуваат повеќе дечиња, - изјави Марина Манојловска, директорка на Основното училиште „Браќа Миладиновци“.

    Објектот ќе биде доградба до постоечкото училиште, со површина од 150 метри квадрати, во кое ќе се сместат спална, кујан, трпезарија, училници и тоалети, опременi за потребите на оваа категорија на ученици. Во центарот ќе бидат вработени стручни лица кои ќе им пружат целодневна нега и грижат на децата.

    Градилиштето денеска го посети министерот Оливер Спасовски, градоначалникот Максим Димитриевски, пратеници, советници, претставници од Мининстеството за труд и социјална политика.