×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе биде чист град, без диви депонии и кал до колена, порача кандидатот за градоначалник Михајловски

    21.08.2021 13:33 | Сузана Николиќ

    Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски, денеска на Фејзбук објави дека има една цел, а тоа е Куманово да биде се` она што денес не е, а можеше да биде во изминативе 30 години. Град на здрави, среќни, безбедни и богати граѓани. 

    Куманово ќе биде чист град, без диви депонии и кал до колена, порача кандидатот за градоначалник Михајловски

    „Куманово да биде чист и светол град со убави улици, без диви депонии и кал до колена, со широки булевари, со патеки за велосипеди, со паркови во кои навистина ќе можеш и ќе сакаш да поминеш повеќе време, со културни манифестации и фестивали кои ќе го вратат градот на светската културна карта, катни  гаражи, многу зеленило, чист воздух, убави бањи, луна парк, град со чиста река и мостови, со нов театар или два. Куманово во кое ќе доаѓаат луѓе од целиот Балкан, од Европа, од светот. Куманово во кое што ќе се враќаме, или воопшто нема да мораме да си одиме од него. Нема нешто потешко. Кој морал, знае“, напиша Михајловски. 

    Тој додава дека за него кандидатурата за градоначалник на Куманово е чест и голема одговорност, и се заблагодари на поддршката. 

    Михајловски е првиот истакнат кандидат за градоналакник за Куманово, додека останатите партии се уште не ги промовираат своите адути.