×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово на дното по бројот на вакцинирани, на врвот по бројот на починати во четвртиот бран

    03.09.2021 08:29 | Сузана Николиќ

    Куманово е една од неколкуте општини во државата коишто имаат најмалку вакцинирани граѓани против ковид-19. Според статистиката на Министертсвото за здравство (МЗ), Куманово се наоѓа на четврто место по нискиот опфат на вакцинирани со само 33,2 проценти од граѓаните, а под нас се се само Струмица со 32,1 отсто, Дебар со30,9 отсто и Гостивар со 29.6 %. 

    Куманово на дното по бројот на вакцинирани, на врвот по бројот на починати во четвртиот бран

    Во однос на црната статистика на починати граѓани од компликации со корнавирус, Куманово е во самиот врв. Во четвртиот бран, за само два месеци во Куманово починале 43 лица и с енаоѓа на третот место по Тетово и Гостивар.
     
    Министерството за здравство информира дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население.  

    „Во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово кадешто опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61%, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19% вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%. Слична е состојбата и во Гостивар каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30%, а бројот на починати со ковид е 73“, велат од МЗ.

     

    Од Министерството апелираат до граѓаните да ги отфрлат сите заблуди во врска со вакцините и да се придржуваат кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. 

    „Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции“, додаваат оттаму.