Куманово-паркинг ќе набави уште едно пајак возило
Јавното претпријатие Куманово-паркинг годинава ќе набави уште едно возило за подигање на неправилно паркираните автомобили во градот.

Според директорот Фадиљ Шабани, зајакнувањето на капацитетите на пајак службата е со цел да се воведе поголем ред во сообраќајот.
„Претпријатието има потреба од уште едно возило, бидејќи ова што го имаме е од 1987 година. Веќе започнавме преговори со службата од Град Скопје за изнајмување на едно возило, а се надеваме дека до средината на годината ќе купиме и ново возило“, - вели Шабани.
Тој вели дека акцијата Нулта толеранција за неправилно паркирање дала резултати, и најавува дека ќе продолжи и во наредниот период.