×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово вечерва со висока загаденост

    29.03.2018 19:37 | KumanovoNews

    Дури 4,5 пати над дозволеното е присуството на штетните честички во воздухот вечерва во Куманово.

    Куманово вечерва со висока загаденост

     Куманово вечерва е еден од најзагадените градови во државата. Според податоците од мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање, концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот во моментот (21.30 часот) е 229 мг/м3, а максимално дозволената граница е 50 мг/м .

    Околу 20 часот загаденоста беше дури 314 мг/м3, а денеска околу пладне беа измерени 65 мг/м3.

    Eкологистите велат дека причина за големото загадување на Куманово е нeквалитетно огревно дрво, користење на пластика и отпаден матерјал за затоплување на домовите, голем број на стари автомобили, немањето на доволно зеленило во градот, соголените шумски појаси и непланската градба со повеќекатници, кои го сопреа провевот и струењето на воздухот во градот.

    Куманово важеше за град со чист воздух, бидејќи според местоположбата постојано е изложено на воздушни струења, но со климатските промени таа придобивка се изгуби.

    Со цел да го намалат загадувањето во текот на зимата локалната власт ги прскаше улиците со вода, но тоа даваше краткорочни резултати.

    И покрај најавата на надлежните за ригорозни мерки и казни, несовесни граѓани секојдневно палат на отворено и ја загадуваат животната средина.